На адреса на редакцијата на ЦИВИЛ, пристигна првиот телефонски повик по вчерашната објава на видеото на граѓански новинар од неславната прослава на ВМРО - ДПМНЕ во Ресен. Непозната личност, претставувајќи се дека е автор на видеото побара истото да биде тргнато од сајтовите на ЦИВИЛ.
Откако му беше побарано да се претстави, тој одби да го стори тоа, но инсистираше видеото да биде отстрането.