„Јас нема да ја фалам оваа студија. Ова е научна студија на Богојески. Ова истражување го потврди она што сите го знаевме. Ние сме политичко општество на говор на омраза. Тука не ги амнестирам политичките гласачи, вината ја лоцирам во политиката и во политичарите. Кај нас се сѐ сведува на византиска гола борба за власт“, истакна Зоран Иванов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ, на тема „Говорот на омразата во политиката“.
Поразително е она што Богојески го презентира. Склони сме да го дадеме гласот на оној кој не го сакаме само за да го казниме другиот. Јас верувам дека македонски концепт и другите партии, ако настапат со првиот дел на оваа студија настапат со позитивни говори, ќе остават позитивна трага за иднината.