ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ на 20 мај (во четврток), во хотел Сити Парк (спроти Фонтана во Градски Парк), со почеток во 13 часот.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, се дел од прашањата кои ќе бидат поставени на панел дискусијата.
Во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19, панелот ќе се одржи без публика, а на панелистите ќе им овозможиме да присуствуваат физички и онлајн. Настанот ќе трае 60 минути.
Настанот ќе се пренесува во живо на видео каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од настанот, ќе се објавуваат на ЦИВИЛ МЕДИА, медиумската платформа на организацијата, на македонски, албански и англиски јазик. Добредојдени се телевизиски екипи, со молба за строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид -19.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.
ЦИВИЛ