Зеќири: Граѓанските новинари придонесуваат во сите сфери во општеството особено на локално ниво

„Граѓанското новинарство е навистина важно затоа што граѓаните се првиот и најдобриот извор на информации за доброто владеење и во случаите на кршење на човековите права и слободи бидејќи тие се најзасегнатите и во двете теми. Тие се првите што ќе го почувстуваат доброто или лошото владеење, корупцијата, неправдите, особео кога некој ги игнорира и ги крши граѓанските права и слободи“, изјави новнарот и соработник на ЦИВИЛ, Арбен Зеќири говорејќи за граѓанското новинарство и неговата улога во општеството.

Зеќири смета дека грѓаните се најдиректно погодени од сите проблеми со кои се соочува едно општество, па затоа токму тие се оние што можат и најмногу да придонесат особено во најзаборавените сфери со кои не се занимаваат националните медиуми, а тоа се локалните случувања и работата на локалната власт.

„Мора да има најпрвин едукација на граѓаните за тоа што е граѓанско новинарство, што е вест, што е новинарски прилог, како треба да пријават случај на говор на омраза, на лажни вести, па потоа да продолжи со сорабтката со меидумите, институциите, невладиниот сектор… Преку разни форми на граѓаните треба да им се објасни што е лажна вест, како да ја распознаат… самите да бидат способни да не конзумираат лажни вести, спинови и разни манипулации… Ако успееме да ги едуцираме граѓаните да ги распознаваат лажните вести тоа ќе биде и најдобрата одбрана против нивното ширење“, смета Зеќири.

Што се однесува до работата на ЦИВИЛ, Зеќири изјави дека организацијата што успеа да одговори на предизвиците на времето, одговарајќи секогаш на актуелните теми и предизвици во општеството и да придонесе кон јавниот интерес во секој сегмент и дека така треба и да продолжи понатаму.

Биљана Јордановска

Камера и фотографија: Дехран Муратов

This post is also available in: English