Граѓанското новинарство ја освои Битола

ЦИВИЛ - Центар за слобода, викендов, во Битола ја одржа третата работилница за граѓански новинари, на која учесниците имаа можност да се запознаат одблиску со граѓанското новинарство кај нас и во светот.

Граѓанските новинарки и новинари од Битола и Прилеп преку учеството на оваа работилница придонесуваат кон објективното известување, користејќи ги технолошките придобивки на новото време и работејќи на актуелни теми на државно ниво.

Предавачите од тимот на ЦИВИЛ на иновативен начин успеаја да го доближат граѓанското новинарство до учесниците, како уште еден обид за нов бран на медиумската слобода која ќе го промовира објективното и нецензурирано информирање.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: AlbanianEnglish