ОБСЕ/ОДИХР со 279 набљудувачи ќе ги мониторираат претседателските избори

Со вкупно 279 набљудувачи, Мисијата на ОБЦЕ/ОДИХР ќе ги мониторира престојните претседателски избори и изборот на градоначалници во Охрид, Ново Село и Дебар.

На денешната прес-конференција шефот на набљудувачката мисија, Корин Јонкер, нагласи дека главниот тим ќе го сочинуваат 11 експерти со седиште во Скопје и дополнителни 18 долгорочни набљудувачи што ќе запонат со работа од 20 март, а ќе бидат поделени во девет тима. Овие тимови ќе ја покриваат целата територија на државата.

Ова 18 мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР на изборите во државата. Како и досега, тие ќе излезат со извештај ден пред изборите со прелиминарен извештај ден по изборите. Конечниот извештај ќе содржи наоди, но и препораки до властите во обласиите во изборен контекст на кои треба да се работи.

Според вобичаената методологија, набљудувачите ќе ја следат регистрацијата на гласачите и кандидатите, активностите на кампањата, изборната администрација, изборната регулатива, како и медиумското покривање на кампањата.

На денот на гласање ќе се следи отворањето на гласачките места, гласањето, броењето на избирачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

Б. Ј.