Ниту гумени заштитни столпчиња со висина од околу 30 сантиметри, со портокалова боја, кои се дел од проектот „Скопје велоград 2017“, не ги спречува несовесните возачи да ја узурпираат велосипедска патека и тротоарот на булеварот Свети Климент Охридски во Скопје, пишува граѓанската новинарка Суада Муратова.
Овие столпчиња беа поставени за подобра видливост на самите возачи и се од исклучителна важност за безбедноста на сообраќајот. При удар столпчињата се враќаат наназад и не ги оштетуваат возилата.
Градот Скопје за овој проект издвои 2,7 милиони денари.