Учениците од Георги Димитров донираа за семејството Стефановски

Учениците од СУГС „Георги Димитров“ самоиницијативно спроведоа акција за собирање донации на кумановското семејство Стефановски што подолго време живее во куќа без покрив и никаква финансиска помош.

Дел од активистите на ЦИВИЛ Млади се ученици во „Георги Димитров“. Тие, заедно со еден од нивните професори го посетија семејството и поразговараа за нивните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.

Домот на семејството Стефановски, Куманово

Според сознанијата на ЦИВИЛ Млади нивниот случај е на чекање во Министерство за труд и социјална политика.

„Веќе четири години живееме вака. Привремено одевме во Скопје, живеевме во една напуштена куќа. И тоа што ни даваа социјално, ни го укинаа... Мајка ми има пензија од 10.000 денари и од тоа што ќе ни пружи живееме, ама не е доволно“, изјави Весна Стефановска, една од трите сестри што заедно со братот се водат како работно неспособни.

Д. Стојановски

This post is also available in: English