ЦИВИЛ одржа обука за граѓански новинари

ЦИВИЛ Центар за слобода денеска спроведе обука за граѓанско новинарство во хотел Сити Парк, Скопје. на десетина заинтересирани граѓанки и граѓани, кои аплицираа за учество на натпреварот „Биди граѓански новинар“.

CIVIL1

Откако заврши теоретскиот дел од обуката, граѓанските новинари беа на терен до 15:30 часот, каде што снимаа видео стории, фотографираа, правеа анкети... Прилозите што кандидатите ги направија во текот на практичната обука, влегоа во конкуренција за наградите кои ќе бидат доделени, откако комисијата на тимот на ЦИВИЛ ќе одлучи за наградите.

Обуката и церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство се дел од проектот„Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.