Дерала: Закон кој се менува повеќе пати не може да биде добар закон, комплетно од нула да се подготви нов изборен законик

Македонската политика и систем нема капацитет во овој момент, а може да се забележи и отсуство на политичка волја и би требало да се вратиме на корените и сакам да споделам една статистика на ЦИВИЛ, а тое е дека во изминаттите 4 години на една од нашите страници има неполни 40 илјади медиумски содржини, тоа што мене ме застана подготвувајќи се за оваа конференција е дека 6. 200 и повеќе содржини се посветени на изборите во форма на извештаи, анализи, колумни, итн., истакна Џабир Дерала на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.

„Само за придонсот во медиуската сфера на ЦИВИЛ може да упати на податокот дека цело време сме некаде на основни точки, секогаш сме некаде на почеток и никако да тргнеме натаму.

Деркоски еднаш изјави, ги лоцираше сите проблеми кои и изминатите години ЦИВИЛ ги истакнува во јавноста, ЦИВИЛ е невладина организација, меѓутоа чудно е тоа што еден претседател на ДИК никако не успеа да дојде до ситуација неговите главни забелешки да бидат слушнати во политички и системки контекст.

Само на ЦИВИЛ Медиа има 131 содржина во која се содржани препораките и тоа со жалење ќе констатирам како и во случајот со Деркоски, многу малку ако не и воопшто не допрело до институциите, но допрело до јавноста, голем број невладини, јавни личности…

ЦИВИЛ во изминатите 4 години, од тие 12 од кои набљудуваме, 131 медиумски содржина преку 100 различни аспекти, стручни мислења, имаме сериозни елаборирани препораки за изборниот модел, изборниот законик…

Закон кој се менува 30 пати не може да биде добар закон, побаравме од Парламентот, Владата да работат забрзано на нов изборен законик комплетно од нула.

Изборната администрација често е сериозен проблем и покрај трудот кој се вложува и се разбира финансирањето на политичките партии, финансирањето на медиумите и политичката корупција, на која многу малку се работи, особено во изборните процеси.

Тоа што нам ни е важно во овој домен е дека иако има слабост, една изборна единица за нашата земја е сосема доволна, реформите во ДИК онака како експертите во ДИК и нашите соработници го имаат елаборирано, доставени се до релевантни институции и треба да се направи што побрзо.

Политичката корупција и финансирањето на политичките партии и кампањи е еден од најсериозните проблеми кои македонското општество ги има, изборите се почеток и крај на секоја можна трансфомрација во општеството, без разлика кој доаѓа на власт после изборите важно е да се знае дека системот мора да профункционира. Имаме ситуација каде целиот систем е заглавен во политика, се уште сме на основни нивоа и такви какви што се можностите не можеме да сонуваме за научна фантастика за тоа како би требало да изгледа изборниот систем кај нас“, истакна Дерала.

This post is also available in: Albanian