ЦИВИЛ награди петмина граѓански новинари

ЦИВИЛ - Центар за слобода, денеска ги награди граѓанските новинари кои испратија фото и видео-содржини во јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“. Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа во просториите на ЦИВИЛ, а наградите ги додели уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ

Станковиќ зборуваше за значењето граѓанското новинарство, за прилозите кои пристигаат во ЦИВИЛ, за прекршувањата на човековите права кои, како што истакна тој, се од најразлична природа. На доделувањето на наградите присутни беа сите наградени граѓански новинари, со исклучок на еден, кој одлучи да остане анонимен, поради стравувањето дека постои опасност од загрозување на егзистенцијата.

13914114_1028761483908987_1613932378132378261_o

И овој пат, жири-комисијата на ЦИВИЛ, одлучи да додели две четврти награди, и по една, трета, втора и прва награда.

Четвртата награда, ја доби граѓанскиот новинар, и соработник на ЦИВИЛ, Сотир Габелоски од Крушево, за  фото сторијата Крушево: Продолжува злоупотребата на службени возила за приватни и партиски цели!.

13962872_1028761490575653_953759667269725966_o

Текстот кој во соработка со граѓанскиот новинар Горан Трајков, го подготви екипата на ЦИВИЛ Медиа, Ќе се урбанизира единствениот парк во Штип, институциите глуви за барањата на штипјани, ја доби втората четврта награда.

13988146_1028761543908981_7585708668930647272_o

Прилогот на адвокатот Жарко Стеваноски,  Предизборие: Притисок, мобинг, уцена, ултиматум..., со одлука на жири-комисијата, ја доби третата награда.

Граѓанскиот новинар, кој одлучи да остане анонимен, со информациите и фотографиите кои ги испрати во ЦИВИЛ Медиа, придонесе кон објавување на два текста подготвени од редакцијата, а кои сведочат за прекршување на работнички права во ЈП „Улици и патишта“. Прилогот Вработените во „Улици и патишта“ под притисок да возат нерегистрирани возила! , за кого граѓанскиот новинар доби втора награда, придонесе, возилата веднаш по објавување на текстот, да бидат регистрирани. Вториот текст кој ЦИВИЛ го објави во соработка со граѓанскиот новинар е Кршење на работничките права во „Улици и патишта“?

13995599_1028761627242306_8877854858616671179_o

Првата награда, во рамки на јулскиот циклус на проектот „Биди граѓански новинар“, ја доби Зоран Милошески, за фотографиите и видео-прилогот Прилеп: Партиско – новинарска „коалиција“ ја уредува општинската веб – страницата?.

Натпреварот „Биди граѓански новинар“, е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦМ