Габелоски: Оптимист сум дека секој ќе поднесе одговорност

На денешното доделување на наградите од јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Сотир Габелоски, кој ја освои четвртата награда, за фото веста Крушево: Продолжува злоупoтребата на службени возила за приватни и партиски цели!

Габелоски како соработник на ЦИВИЛ - Центар за слобода, кој повеќе пати учествува со свои прилози на натпреварот „Биди граѓански новинар“, зборуваше за притисоците и заканите, кои до него ги упатува владејачката партија, поради објавување на проблемите со кои се соочува Општина Крушево. Габелоски, сепак, очекува подобрување на ситуацијата и верува дека еден ден ќе одговараат сите кои ги кршат човековите права и слободи.

Натпреварот „Биди граѓански новинар“, е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.