Протестите кои продолжуваат и оваа недела во повеќе градови од државата - за воспоставување на правната држава во Македонија, се воедно и можност за граѓанските новинарки и новинари, како директни учесници да дадат свој придонес во заедничката борба против режимот, да ги документираат случувањата и да информираат за нив во истиот момент. На овој начин, граѓаните имаат можност да бидат активен дел од промените, да учествуваате во креирањето на подобра иднина и да бидат и наградени.
Искористете ги своите вештини за снимање, фотографирање и известување., и придонесете кон заедничката цел – Македонија да стане попристојно место за живеење! Со испраќање на секоја снимка, фотографија и информација, можете да станете дел натпреварот „Биди граѓански новинар“, што се одвива како дел од проектот „Граѓански објектив“. Првата награда е вредносен ваучер за купување на компјутерска техника во износ од 110 долари.
За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на [email protected], ако материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.
Доколку материјалите ги испраќате од терен, за време на протестите наједноставно е да ги испратите во порака на нашата Фејсбук страница
Доколку така решите, Вашите информации ќе бидат објавени и на нашиот сајт, потпишани или анонимно.
Ова се само дел од примерите на материјалите кои ни пристигнуваа минатата недела од Велес, Струмица,и Битола.