На Фејсбук страната Македонски прес e објавена фотографија од новиот мурал во најава со коментар кој е варијација на изборниот слоган на СДСМ: „Денес градскиот стадион на Штип изгледа вака… Можеме повеќе, можеме уште подобро!“. Македонски прес во својот коментар не содржи говор на омраза, меѓутоа поттикнува коментари со говор на омраза и закани.
Под фотографијата има низа на коментари со говор на омраза кон ЛГБТИ лицата, како и закана за уметниците кои го цртаат муралот.
Иако во коментарите пишува дека муралот претставува зајдисонце и дека ќе има фигури кои ќе претставуваат приказна и дека не е поврзан со политички партии. Но, мразачите не престанаа со вулгарности и експлицитен говор на омразата. Повеќето коментари се заканувачки и тврдат дека таков мурал не смее да има во Штип.
Иако муралот нема врска со политика, сепак дел од коментарите се дека нема да дозволат да се нацрта „пе….о знаме или знаме на Шарената револуција“.
Познато е дека говорот на омразата, особено кога тој е очигледно организиран на овој начин, може да предизвика насилство и дела од омраза. ЦИВИЛ констатира дека до сега, не се забележува активност на надлежните институции за спречување и санкционирање на бројните јавни закани и повици за линч на социјалните мрежи и во дел од интернет медиумите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ