„Ме инспирираше да презентирам идеи кои се можеби за нијанса поразлични од она вообичаен наратив и она што вообичаено сме навикнати да слушаме за хибридни закани, дезинформации, за лажни вести. Конечно гледам проактивност некоја, гледам едно големо „за“ наспроти едно помало „против“, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
„Мислам дека сите ние кои што се занимаваме професионално или како општествена одговорност со информации, со јавно комуницирање, со односи со јавност, со влијание врз јавноста, премногу, предолг период сме заглавни во справување со негативни појави, негативни влијанија како што се дезинформациите и дека заборавивме помалку кој се работите кој што треба да ги промовираме. Конечно видов во насловот зборуваме за автопат на одговорност, на отчетност, на одговорно комуницирање или пласирање на факти и информации, наспроти, јас би рекол, оние мрачни тунели на кој што се создаваат и се шират лажните вести кој што имаат за намера да предизвикаат опасност, штета врз јавноста и притоа стануваат дезинформации. Во оваа насока ме охрабрува и начинот на кој што НАТО во последните свои јавни стратешки документи ја дефинира својата улога во дезинформациите, па така НАТО во своите последни јавни определби по однос на стратешките комуникации вели: ние не сме препознаени или не сакаме да бидеме препознаени по она против што се бориме, туку по она за што се залагаме или по она што го промовираме и тукму тоа е мојата теза денеска, дека општествените чинители кој што презеле одговорност и си ја зацртале својата улога дека ќе промовираат прогрес, факти, информации, напредок, соживот, дијалог, разбирање, мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“, отколку борбата „против“. Некогаш можеби тоа е едно исто, меѓутоа секогаш кога зборуваме за против и зборуваме за справување, одбрана и борба, во суштина тоа е начин на дејствување кој што многу повеќе заплашува широка јавност, отколку што охрабрува широка јавност на едно проактивно и прогресивно дејствување.
Сите ние, тука не се иземам себеси или Владата од таа одговорност на пакување на наративот, предолго зборуваме за борба против дезинформации, за справување со лажни вести, за одбрана од хибридни напади. Некако подзаборавивме на она што е нашата демократска агенда, она што претходно сме се бореле заедно и по улиците, секако повторно за истите вредности, од различни можеби позиции, меѓутоа мислам сите ние кои што застапуваме демократски вредности треба да обрнеме повеќе внимание на она „за“, за да охрабруваме, за да мотивираме, за да иницираме, за да ги охрабривме граѓаните да се приклучат на автопатот на одговорно комуницирање со јавноста, наспроти бавењто со оние помрачните подземни тунели кои шират дезинформации за да предизвикаат штета во општеството. Ова никако не смее да биде сфатено како обид за претставување на штетата на дезинформациите во помало светло или на пониско ниво, се разбира дека дезинформациите се огромна опасност, меѓутоа тие се тие кои што треба повеќе да се бават со нас кои што имаме јасна, отворена, транспарентна, прогресивна агенда, тие кои што создаваат дезинформации ги создаваат за да штетат на прогресивните агенди. Затоа велам да балансираме повеќе и повеќе да зборуваме за нашите прогресивни агенди и оттука на оваа дебата застапувам промена на играта во јавниот наратив и ќе се трудам ова да го зборувам што е можно почесто за да ги охрабрам сите чинители повеќе да зборуваат за промоција на нашите дејности и да дејствуваат во квантитет во промоција на нашите демократски вредности, отколку за уважување на моќта на дезинформациите. Ние сме на автопатот, тие (дезинформаторите) се во мрачните тунели.
Која е позицијата на Владата кога станува збор за промоција на отворена и транспарентна комуникација со јавност или промоција на фактите и информациите, виз-а-вив справувањето со дезинформациите. Четири основни постулати, прво, работење на зголемување на довербата помеѓу институциите и граѓаните, преку демонстрација и на одговорност и на храброст, одлучност, лидерство и во политичките дејствувања и во јавните комуникации. Второ, обезбедување на отвореност во комуникациите и интеракција, брзина во интеракцијата. Во живо комуницирање со медиумите, брзо одговарање на оние кои што прашуваат и бараат информација, помагање на оние кои што се бават со факт чекинг, не преку партнерство и соработка со нив туку преку брза комуникација и брзо одговарање на нивните потреби и прашања. Обезбедување на вклученост и учество на сите заинтересирани граѓани и НВО, заедници во креирањето на политиките, односно постојана подготвеност на Владата да слуша, да прифаќа, да разбира што е тоа што граѓаните, заедниците и го кажуваат. Точно е дека нема секогаш да се согласиме, но мора некогаш да се ислушаме за да можеме да процениме дали ќе се согласиме или не. Не можеме да знаме дали се согласуваме ако претходно не се ислушаме. И број четири, кревање на јавната свест, односно вложување на многу напори во заедничко спојување на силите на сите чинители во општеството со цел влијание врз свеста“, нагласи Забрчанец.
Д.М.
камера: Атанас Петровски / Игор Чадиноски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски