Во општина Тетово денеска гласале вкупно само 14 болни и изнемоштени лица кои биле посетени од тимовите на Државната изборна комисија.
Гласањето за оваа категорија граѓанки и граѓани е завршено, потврди за ЦИВИЛ Медиа, Артан Адеми од Општинската Изборна Комисија.
Во казнено поправниот дом во Тетово правото на глас според Адеми сè уште не го искористиле сите затвореници и таму гласачкото место е сè уште отворено.
ЦИВИЛ Тим за комуникации