МВР со извештај за инциденти и кршење на изборниот молк, скршено стакло на партиско седиште

Од утринските часови до сега изборниот молк е прекршен пет пати, а меѓу инцидентите кои се пријавени во МВР е и искршено стакло во седиштето на една политичка партија.

Во 03 часот по полноќ во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода е скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во вториот случај, МВР известува дека вчера  во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Исто така  слични инциденти имало и во другите градови. Утринава околу 08.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев“ во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Во Струга биле регистрирани две кршења на изборниот молк со истакнување на рекламен материјал поврзан со претседателските избири и тоа на исто време во две различни места каде утре граѓаните ке треба да гласат.

“На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори”, известува Министерството за Внатрешни работи. Полицијата преземаа мерки за расчистување на случајот.

ЦИВИЛ Тим за комуникации