Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ постојано наоѓаат „оправдувања“ да не одат на избори. Едно од изговорите е дека немаат пари за политичка Фејсбук кампања. Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија сака избори со нормална кампања која подразбира и митинзи и теренски активности. Како дел од причините ги наведе и неможноста да се сретнат со земјоделците, но и немањето доволно средства за Фејсбук кампања.
„Ние нема да одиме на Фејсбук избори. Фејсбук кампања не е кампања“, рече Николовски.
Но, затоа Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалиција на Град Скопје имаат пари да спонзорираат видео спот со црна кампања за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Видеото e објавено вчера и досега е споделено околу стотина пати и има околу триесетина коментари, од кои најголемиот дел се навредливи и содржат говор на омразата.
Иако од опозициската партија велат дека здравјето на граѓаните е пред сè и дека не размислуваат за брзи избори, сепак, видео спотот завршува со зборовите на Шилегов кога при еден настан, еден граѓанин во присуство на медиумите му вели дека повеќе нема да го гласа, при што градоначалникот му одговара „никогаш да не ме гласаш повеќе“. И завршува со пораката од ВМРО ДПМНЕ – „Биди сигурен, граѓаните ќе те послушаат“.