Соња Исмаил: Ниедно наше човеково право не смее да ограничи нечие туѓо

ЦИВИЛ – Центар за слобода на 10 декември ќе го одбележи Меѓународниот ден на човековите права, а воедно и 20 години од основањето на организацијата, со Фестивалот на слободата, кој ќе се одржи во Музеј на Град Скопје, со почеток од 17:30 часот, каде свој настап со диџеи сетови ќе имаат Соња Исмаил, Марга Сол, ДЈ Дино, и концерт на Јон Ајди и Фолтин.

Разговаравме со Соња Исмаил, кој е добро позната на клубската сцена во државава, за нејзината улога како диџејка, активистка и културна работничка, како и за човековите права.

„Се вклучував или иницирав сама, или со мои пријатели, истомисленици, иницијативи кои имаа за цел да го променат анахроното дивеење во Македонија. Идеи кои имаа за цел да се спротистават на сите тие анахрони политики и да ги променат. Нешто успеавме да промениме, нешто не…“, вели Соња Исмаил.

Во однос на човековите права, таа вели дека кога ќе и текне на човековите права помислува на нивно флагрантно кршење во мрачен период, за кој се надева дека е зад нас.

„Она што е пред нас се надевам дека ќе биде некоја посветла иднина во однос на човековите права. Човековите права се нешто што треба да го живееме, да го разбираме и почитуваме секој ден и миг и секој од нас“, додава таа.

На крајот, како порака за Меѓународниот ден на човековите права, таа вели дека не смееме да заборавиме дека човековите права се универзални, дека важат за секого и дека ниедно наше човеково право не смее да ограничи нечие туѓо.

А. Петровска
камера и монтажа: Ариан Мехмети