„Човековите права се морално и законски определени. Тоа подразбира човековите права треба непречено да бидат почитувани од властите за секој граѓанин да биде исполнет на секој можен начин… Човековите права претставуваат основа за развојот и опстојувањето на едно зрело општество, односно тие ја зацврстуваат демократијата во општеството…“ истакна активистката Марија Вишинова на Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на човекови права и 20 години од основањето на организацијата.
Вишинова изрази убедување дека ЦИВИЛ како организација за човекови права уште позасилено ќе се бори за целосно почитување на истите.
Б. Ј.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети