Заедничка изјава на граѓанското општество од Западен Балкан за пандемијата

Поради тоа што корона вирусот продолжува да се шири низ нашите земји и региони, сите ние сме загрижени за сериозните последици од пандемијата врз нашите секојдневни животи, како и за долгорочното влијание од кризата. Ние, чинителите на граѓанското општество од Западен Балкан, стоиме обединети и решени да продолжиме со заеднички напори со локални, национални, регионални и меѓународни чинители за намалување на негативното социо-економско влијание од кризата и за градење на поправедни, поодржливи и подемократски општества.

Заедно, ние:

  • Изразуваме искрено сочуство за жртвите од КОВИД-19 и нивните најблиски;
  • Сме солидарни и изразуваме длабока благодарност за луѓето кои се во првите редови кои ги ризикуваат своите животи за да ги обезбедат неопходните услуги на тие кои што се погодени и на пошироката популација;
  • Изразуваме пофалба за брзите одговори и пристапи засновани на докази во однос на КОВИД-19 од страна на владите на шесте земји на Западен Балкан.

Денес, повеќе од кога било, на луѓето им е потребно уверување дека нивните влади реагираат итно, одговорно и одлучно за да ги ублажат социјалните и економски последици од кризата, овозможувајќи целосна транспарентност на нивното дејствување и развивање на сеопфатни стратегии за „денот потоа“.

Ние сметаме дека е неопходно владите, здравствените институции, донаторите, медиумите, бизнисите и граѓанското општество да:

  • Покажат солидарност и да преземат заедничка акција за да одговорат на кризата на ефективен и ефикасен начин;
  • Помогнат на најранливите во нашите општества во овие неизвесни времиња;
  • Спроведат истражување и анализа за подобро да се разберат, предвидат и планираат социо-економските и другите влијанија од пандемијата;
  • Изработат стратегии за надминување и планови за подготовка за „денот потоа“.’

Ги повикуваме:

Владините институции да обезбедат навремени и информации засновани на факти, во достапни формати и јазици за различни делови на нашите општества. Ова вклучува информации за КОВИД-19 и транспарентност за тоа како се управува со пандемијата особено во однос на следното:

  • Мерки преземени за спречување на ширењето на вирусот, во однос на невработеноста и отпуштања од работа и за вклучвање и поддршка на погодените заедници, особено најранливите и оние кои се тешко достапни;
  • „Финансиски пакет за итни случаи и за закрепнување“
  • Влијанието од полицискиот час и други мерки кои може да ги загрозат човековите права, менталното здравје, животната средина, безбедноста, вклучувајќи семејно и родово базирано насилство;
  • Плаќање даноци за време на пандемијата (од приход, придонеси од пензии, од имот, итн); комуналии и други сметки (струја, вода, смет, закупнина); банкарски кредити, камати и такси;
  • Борба против дезинформации и реторика на разделување; борба против сите облици на стигматизација и дискриминација; поддршка и заштита на лицата во првите редови и напори кои градат доверба и ја засилуваат солидарноста;
  • Заштита и поддршка на бегалци и баратели на азил кои се затекнати во застрашувачки услови на нашите како и границите на ЕУ;
  • Тесна соработка со и поддршка на владите во регионот, вклучително преку размена на информации, знаење, ресурси и техничка експертиза;
  • Обезбедување дека ограничувањата за заштита на јавното здравје се со ограничено времетрање, пропорционални, засновани на докази и со можност да се разгледуваат од страна на суд ;
  • Обезбедување финансиска поддршка за сите МСП и самовработени кои се погодени од пандемијата, компензирање на нивните загуби и зајакнување на нивната отпорност, иновација, нивното претприемништво и потенцијал за раст по кризата.

Политичките партии:

  • Покажување единство и соработка и поддржување мерки за справување со моменталните и долгорочните последици од пандемијата.

Медиумите:

  • Имаат суштинска обврска да известуваат на професионален и етички одговорен начин и на јавноста да ѝ обезбедат навремени, точни, доверливи и објективни информации;
  • Борба против лажни вести, митови и стигматизација поврзани со пандемијата;
  • Помогање на јавноста да ги разбере настаните, мерките што ги преземаат властите и начинот и средствата за заштита преку едноставни пораки;
  • Обезбедување простор на различни актери и заедници, особено за најранливите делови од нашите општества.

Приватниот сектор:

  • Покажување социјална одговорност преку поддршка на нивните вработени во овие тешки времиња, да не се користи пандемијата како изговор за намалување на нивниот број;
  • Тесна соработка со владините институции и други чинители и да се биде во тек со мерките и финансиските инструмени кои се на располагање, а кои се наменети за поддршкна на јавниот сектор.

Граѓанско општество:

  • Оддржување на комуникации, размена на информации и искуства за влијанието од и одговорите на пандемијата и за инаовативните/креативните начини на работење за време на кризата;
  • Давање глас на ранливите категории и понатаму и заложби за нивна заштита и поддршка;
  • Поддржување високи стандарди и отчетност при обезбедување на поддршка за време на кризата, вклучително при размена на докази, најдобри практики, податоци и ресурси за тоа што финкционира во борбата против вирусот;
  • Извлекување поуки од кризата со цел да се информира за изборот на политики потоа за време на процесот на закрепнување;
  • Ангажирање одговорно, заедно со медиумите, во борбата против лажни вести, митови и стигматизација поврзани со пандемијата.

ЕУ и донаторската заедница:

  • Потенцирање на важноста владите да ги поддржат демократските вредности и принципи и почитување на човековите права;
  • Продолжување со размена на информации и интеракција со чинители вклучително и за тоа како пандемијата влијање на нивните приоритети, планови, програми и финансирање;
  • Покажување континуирана посветеност да се помогне во ублажување на негативното влијание на пандемијата врз граѓанското општество во целина, а не само оние кои се фокусирани на помош за вонредната состојба;
  • Продолжување со колективно дејствување и координирање на инклузивна и кохерентна финансиска поддршка/одговор заснована на потребите за земјите од Западен Балкан да ги ублажат непосредните и долгорочните последици од кризата.

Меѓу потписниците на оваа заедничка изјава на граѓанските организации од Западен Балкан е и ЦИВИЛ.

Во продолжение, листата од организации што ја потпишаа оваа заедничка изјава, како во оригиналниот документ, кој е на англиски јазик:

ADP-Zid, Montenegro

ALFA Centar, Montenegro

Association “IRSH”, Albania

Balkan Green Foundation (BGF), Kosovo

Bulgarian Hub for United Balkans, Bulgaria (in solidarity)

Center for Advocacy and Democratic Development (CADD), Serbia

Center for Economic Prosperity and Freedom (CEPS), Montenegro

Center for Euro-Atlantic Studies (CEAS), Serbia

Community Business Development Center (CBDC), Kosovo

European Movement Serbia (EMinS), Serbia

Fondacija za razvoj i demokraciju (FRD), Bosnia and Herzegovina

Gender Alliance for Development Centre (GADC), Albania

HandiKOS, Kosovo

Institute for Democracy and Development (IDD), North Macedonia

Institute for Development Policy (INDEP), Kosovo

International Debate Education Association South East Europe (IDEA SEE), North Macedonia

Kosovo Youth Atlantic Treaty Association (KYATA), Kosovo

Krenar Shala, civil society activist, Kosovo

LGBT Forum Progress, Montenegro

NGO Aktiv, Kosovo

Protection and promotion of Environment, Culture and Art (proECA), Kosovo

Research Center for Security, Defense and Peace (ICBOM), North Macedonia

Sexual and Gender Minorities Association SUBVERSIVE FRONT Skopje, North Macedonia

The Balkan Forum

Youth Initiative for Human Rights – Kosovo

 

 

This post is also available in: Albanian English