„Уставобранителите“ нападнаа момче на улица пред Собрание

Денеска напладне додека десетмина „уставобранители“ ја блокираа улицата пред Собранието на Република Македонија во еден момент нападнаа еден млад дечко кој со велосипед поминуваше покрај нив. Тие се обидоа физички да се пресметаат со него.

„Дечкото си поминуваше со точак, а бранителиве на името ќе го истепаа за малку“, вели граѓанскиот новинар Виктор Поповски.

Неколку граѓани втор ден ја блокираат улицата пред Собранието додека трае седницата за уставни измени.

Д.М.

This post is also available in: English