Уште неколку часа за аплицирање за семинарот за транспарентни и одговорни политички процеси

Новата серија регионални семинари во рамките на проектот Граѓански објектив кој го организира ЦИВИЛ започнува овој викенд во Штип. Првиот од вкупно 8 семинари ќе се одржи на 28 септември во хотел Оаза од 10 до 18 часот.

Рокот за пријавување на учество на семинарот завршува денеска во 17 часот. Иако веќе одамна е надминат бројот на учесници, ова е последната шанса да аплицирате. Апликациите ќе бидат разгледани од посебна комисија составена од тимот на ЦИВИЛ.

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

На семинарот може да се пријават сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините во Источниот плански регион: Берово: Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.

Семинарот „Граѓански објектив: Граѓанките учествуваат, набљудуваат и известуваат“ претставува континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, но овој пат дополнети и надградени со теми кои промовираат транспарентни и одговорни политички процеси.

Новата серија на регионални семинари се во многу нешта различни од претходните триесетина вакви настани. Тие се уште подинамични и обработуваат богатство од теми што се соодветни на општествено-политичките состојби и процеси во земјата. Во секој случај, се работи за континуитет, бидејќи ЦИВИЛ останува и понатаму посветен на јакнење на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава. Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.

Во пресрет на новите предизвици и проекти, ЦИВИЛ има потреба од проширување на својата соработничка мрежа со нови луѓе, волонтери и хонорарци. Еден од најдобрите начини за меѓусебно запознавање и почеток на соработка се семинарите во проектот на ЦИВИЛ „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“. Многумина што се повеќегодишни членови на проектните тимови на ЦИВИЛ, соработката ја започнале токму со семинар на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ - Тим за комуникации

This post is also available in: AlbanianEnglish