„Од утре Фатиме Фетаи повторно ќе се буди со песната на ранобудниот петел од Боговиње. Повторно ќе се врати во субмисивна позиција пред традиционалниот националистички патријархат. За жал, пропадна уште една "икона". Од урбаниот живот на Фатиме ќе и останат само спомени, спомени проследени со стихови од нејзиниот омилен Аца Лукас. Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат...“ - пишува Љупчо Златев на својот Фејсбук профил, лик познат во јавноста по своите гафови и слепо послушништво на режимот на Груевски.
Пратеничката Ивана Туфегџиќ остро реагираше на својот Фејсбук профил:
„Новинар кој има портал и на кој му се шири зборот, во обид да искаже став против обвинителка, ќе напише така во занес дека жените во Боговиње за пиење ги тепаат. Наместо да го искористи перото, доколку тоа е навистина така, да објави, да покрене свест, да покаже што навистина се случува, го користи за да омаловажи и понижи. Четврти пат во недела дена има изразен говор на омраза, шовинизам, сексизам, сега еве и одобрување на физичко насилство против жени на јавни функции. Одговорноста на искажан збор особено од луѓе чијшто збор се шири и се јавни личности е огромна. Да не зборувам дека ваквите напади на занес, да се биде интересен, да се искаже гнев кон жени, охрабруваат и насилство и говор на омраза во општеството. Притоа пред да се измеша, тоа нема апсолутно никаква врска со слободата на изразување и дека жените на функција не треба да се критикувани. Но, има разлика меѓу критика за тоа што се работи и опсесија со сексуалниот живот на жената, изглед и одобрување на ќотек зашто не влегува во нечиј стандард.“
Новинар кој има портал и на кој му се шири зборот, во обид да искаже став против обвинителка, ќе напише така во занес...
Gepostet von Ивана Туфегџиќ am Sonntag, 15. September 2019
И ЦИВИЛ реагираше на објавата на Златев: „Познатата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ, едноставно, не престанува со лажните вести и говорот на омразата, на етничка и родова основа. Нивното дејствување во јавноста ги преминува сите можни граници на пристојноста, на етичките и професионалните стандарди, а често се косат и со законот, иако тоа ретко кој од институциите на правдата успева да го види.“
Познатата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ, едноставно, не престанува со лажните вести и говорот на омразата, на етничка и...
Gepostet von Civil MK am Sonntag, 15. September 2019
ЦИВИЛ Тим за комуникации