ЦИВИЛ додели награди за најдобрите стории на граѓанските новинар(к)и

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска ги додели наградите за најуспешните стории на граѓански новинарки и новинари за изминатите два месеци.

На почетокот на церемонијата на доделувањето на наградите, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ ги запозна присутните со проектот Граѓански објектив и можноста за  нивен придонес во креирање на општествени промени.

Првата награда отиде во рацете на граѓанската новинарка Јулијана Ортаковска, која со своето видео за насилничкото и недолично однесување на воспитувачка во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, и крена голем интерес во јавноста, особено кај надлежните институции коишто веднаш реагирале.

Втората награда, овој пат ја доби Суада Муратова, за сторијата „Дислокација на дивите продавачи на Бит-пазар.

Суада Муратова, добитничка на втора награда

Марин Гавриловски е добитник на третата награда за известувањето од протестите во Скопје каде што имаше националистички скандирања и инциденти.

Една од четвртата награда ја доби анонимен граѓански новинар за видео сторијата „Зајди, зајди јасно сонце... пензионерите пеат во автобус на ЈСП“.

Втората четврта награда отиде во рацете Анила Ејупи за видото од НАТО - журката каде што Ристо Вртев од групата Архангел, во текот на својот настап изјави „Не дозволувајте силеџии да ве избркаат од дома“.

Анила Ејупи, добитничка на четврта награда

Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој веќе трета година им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

Д. М.