„Улогата на новинарите е клучна и треба да ги препознаат дезинформациите, сведоци бевме како случаи на дезинформации предизвикаа немир или тензии во нашето општество, поради содржини кои се пуштени од центри на моќ не поминаа низ новинарски дали е релевантна, беше потребно да поминат денови за да се дознае вистината“, изјави Филип Стојановски од Метаморфозис на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“ во организација на ЦИВИЛ.
„Имаме медиуми откако ќе објават дезинформација, потоа не објавуваат корекција, а би требало и извинување до читателите кои ги измамиле. Слично постапуваат и луѓето кои шират лажни вести, Вистиномер ги идентификува и означува виралните информации и она што може да се види дека граѓаните учат од медиумите како да постапуваат, со гледање на тоа како постапуваат и потоа во ситуации во кои што медиумите постапуваат неетички создаваат простор во кој неетично однесување станува норма.
Поверката на факти не треба да е посебен жанр, туку треба да биде интегрален дел од новинарската дејност.
Според истражување на Критинк на 95% од новинарите кои учестувватле во анкета им треба едукација за медиумска писменост, ситуацијата со новите технологии е променлива и треба да се научиме на нив, тие вештини да се вградат во основното, средното и високото образование, особено за новинарите“, истакна Стојановски.
„Проверката на факти е само една гранка на новинарството, и при тоа ние со самата работа во таа област и имаме увидено дека не е единствено решение, потребно е заздравување на целиот систем, сите форм на новинарството, доколку функционираат како што треба би биле штит и јавен сервис. Сигурно не можеме да ги покриеме ни сите дезинформации што поминуваат во еден ден дури, премалку луѓе работат на тоа, премалку средства има за тоа, се уште нема за тоа во Македонија, не само за тој жанр, туку за професионално новинарство како такво“, додаде Стојановски.