Со лажна вест за „украден полициски коњ“ се дефокусира јавноста за акцијата „Двојник“ на МВР

Порталите Лидер, Курир, Република, Нетпрес... објавиле лажна вест дека е украден полициски коњ од оделението на МВР во Хиподром, со цел да се дефокусира јавноста откако пред неколку дена во МВР беа уапсени 9-мина вработени како дел од операцијата „Двојник“, бидејќи издадоа и продадоа 215 македонски пасоши со туѓ (лажен) идентитет, на членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели, лица со висок ризик и барани со меѓународна потерница.

Лидер во изјава од наводен анонимен свиркач меѓу другото пишува: „Тоа е исто како да украдат коњ од полициска станица“, вели изворот на „Радио Лидер“ кој е многу близок до министерот Оливер Спасовски и е крајно незадоволен од тоа што овој случај се крие како што долго време се криеше случајот со незаконски издадените лични карти“, стои во изјавата на Лидер, која е пренесена од останатите проопозициски портали.

Со оваа измислена изјава од „анонимниот извор“ е јасно дека се работи за пропаганден текст за дефокусирање на јавноста.

Д.М.