И оваа зима снегот ги „изненади“ и ги фати неподготвени службите за расчистување на патиштата.
Не е исчистен автопатот Тетово – Скопје и обиколницата во влезот во автопатот од Сарај. Исто така не е исчистен и стариот пат Тетово – Скопје кој го користат жителите на околните села.
Средношколците од средното училиште „Орце Николов“ – Скопје, со лопати самите го чистат влезот и дворот во училиштето.
Прашањето е дали секоја зима надлежните институции ќе бидат „изненадени“ од снегот, и дали некој ќе сноси одговорност за сообраќајните незгоди кои можат да бидат и со трагичен крај?