д граѓански активист, до пратеник во Собрание, од студент по безбедност, до некој што го обвинуваа дека го руши јавниот ред и мир, од еден од најистакнатите учесници на Шарената револуција, како отпор против режимот на Груевски, до некој што морално поднесе оставка од пратеничко место поради, аферата со нарачка на дрога.
Павле Богоевски, кој случајно или не стана жртва на режимот.
Можеби како што вели и самиот не лежел во затвор и не ги осетил психичките и физичките тортури што одат рака под рака со условите во казнено поправните установи во нашата земја, но со сигурност знае како крвнички и безмилосно се претепува пратеник во Собрание на сопствена кожа.
Сепак, Богоевски, не се предава, велејќи дека во периодот што ни престои допрва ќе се бориме против остатоците од режимот, преточени во она што денеска го имаме како опозиција.
ЦИВИЛ ја организираше панел дискусија под наслов „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, за да не се заборават злоделата на еден режим што цела деценија ја злоупотребуваше државата, а особено полицијата, судството и медиумите. Секој обид да се изрази поинакво мислење, го санкционираше со апсења, тортура, монтирани судски процеси и линч во медиумите и на социјалните мрежи.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
во соработка со Владимир Перчуклиевски