Граѓанските новинар(к)и ја отсликуваат реалната слика во која живејат граѓанките и граѓаните. Тие зборуваат за кршење на човековите права, за социјалната неправда, за дискриминацијата, за изборните поткупи и недегуларности… Објективот на промената е денешната епизода на СКЕН.
Виктор Тошевски, ученик со оштетен вид во музичкото средно училиште ДМБУЦ Илија Николовски Луј, по објавената сторија која предизвика бура од реакции во јавноста, ги разбуди институциите, односно доби лаптоп компјутер, а неговата мајка доби билет за јавен превоз.
„Малку ми беше времето кога зборувавме пред камера, уште можев да зборувам и кажувам. Но сакам да има и вредност тоа што ќе го кажам… Да допре онаму каде што навистина треба. Ретки се ваквите слободни медиуми каде можеме да се обратиме. Навистина ми е чест што сум денеска тука, иако не знаев за што се работи и навистина сум му благодарна на професорот Темков“, изјави Лепа Тошевска, мајката на Виктор.
„Среќен сум што има реакција сето ова и благодарам многу!“, возбудено рече Виктор.
Како успешна приказна може да се одвои и приказната за Фикри Јашаров кој беше дискриминиран во базенот Довлеџик во Битола. Битолскиот суд одлучи на Јашаров да му се плати 1.000 евра оштета за етничка дисктиминација.
Поранешниот градоначалник на општина Кавадарци, Александар Панов е осуден за изборен поткуп на гласачи Роми, откако претходно ЦИВИЛ објави по добиените информации од набљудувачите на терен.
Членовите на Државната изборна комисија ги вратија бонусите, откако претходно граѓанскиот новинар Денис Јанкуловски, искористувајќи ја иницијативата #БарамОдговор на ЦИВИЛ, праша кога ќе ги вратат бонусите и кога ќе поднесат оставка.
која врши религиозна индоктринација на децата кои ја посетуваат установата!
Детската градинка “Bleta” („Пчела“), во Чаир, по објавената сторија на граѓанскиот новинар и по жестоките реакции од граѓаните на социјалните мрежи, го избриша видеото од Фејсбук во кое се гледа дека се врши религиозна индоктринација на децата кои ја посетуваат установата!
По сторија на граѓански новинар Дамјан Темков за работниците кои работат на отворено на пеколни температури, Министерството за труд и социјална политика отвори линија за пријавување на прекршувањата на препораките од МТСП и Министерството за здравство.
Општина Велес им додели еднократна парична помош на социјално загрозено семејство, откако граѓанскиот новинар Деан Симонов објави во какви мизерни услови живеат.
По низа успешни приказни на граѓанските новинар(к)и, има и такви кои сè уште се тек. Една од тие е сторијата за немање вода во населбата Баир во Битола…
Граѓанските новинари се тие кои известуваат без страв и прават промени во општеството.
Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Соработници: Џабир Дерала, Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Ангела Петровска, Диана Тахири, Атанас Петровски
This post is also available in: Albanian