Иако навидум невидливи, сајбер нападите се покажаа како одличен механизам во пресрет на изборите.
Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“ беа дел од прашањата што ЦИВИЛ ги постави на панел дискусијата „Сајбер напади – предизборно оружје“, но и тема на оваа издание на СКЕН – политички видео магазин.
Повод за панелот зачестените сајбер напади врз интернет медиумите во предизборниот период. Меѓу метите на сајбер напади се и Слободен печат, ЦИВИЛ МЕДИА, како и низа други интернет медиуми.
Сашо Орданоски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Сајбер нападите – предизборно оружје“, зборуваше за неодамнешниот сајбер напад врз серверот на „Слободен печат.
Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ, пак, зборуваше за своето искуство со работата во ЦИВИЛ и за нападите и проблемите со кои се соочувал пред неколку години.
На Орданоски и Климента се надоврза Филип Стојановски директор за развој на ресурси и партнерство, од фондација „Метаморфозис“ кој даде еден преглед колку се чести сајбер нападите во нашата земја, кој се е цел на овие напади и зошто тие се случуваат.
Активистот и блогер, Јане Ѓорѓиоски зборуваше за тоа како сајбер нападите делуваат на активистите и обичните луѓе, па и блогерите.
Панелистите дадоа и свое видување како против сајбер нападите, што можеме да очекуваме и што можеме да направиме како заштита од истите.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
This post is also available in: English