На социјалните мрежи се појавија неколку прашања во врска со ризичното однесување на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, се работи за прашања што се однесуваат на локалното партиско раководство во Штип.
Прашањата се:
Дали претставници од локалното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Штип се заразени од коронавирусот?
Дали се одржувале редовни партиски состаноци на кои биле и заразените?
Дали на состаноците се почитуваат мерките за заштита?
Дали на повидок е кластер на Мицкоски поради одржување овие состаноци на локалното партиско раководство?
Понатаму, во истата објава, им се посакува добро здравје на сите што настрадале од ваквото однесување во партијата и со лесно да поминат со вирусот во потврдените случаи.
Со оглед на тоа дека во јавноста се стекнува впечаток дека Мицкоски и дружината намерно не ги почитуваат мерките, граѓаните заслужуваат одговори на поставените прашања“ – завршува граѓанката во својата објава на Фејсбук.
Д. Е.