Семинар за граѓанско новинарство во Скопје

ЦИВИЛ ве поканува да бидете дел од големото семејство граѓански новинарки и новинари кои во досегашните пет семинари за граѓанско новинарство се стекнаа со теоретски и практични вештини за граѓанскиот активизам, онлајн активизмот и новинарсткото истражување.

Шестиот регионален семинар за граѓанско новинарство ќе се одржи на 22 и на 23 април во хотел Сити Парк, Скопје, со почеток во 11 часот, во сабота. Право на учество имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка и сите околни општини.

Објективно, брзо и нецензурирано известување од лице место кристејќи ги технолошките придобивки, мобилен телефон, интеренетот и социјалните мрежи е одлика на граѓанското новинарство ширум светот. Храбри и решителни, граѓанските новинарки и новинари се ноѓаат на фронталната линија во борбата против медиумското дезинформирање, искривување на вистината и непрофесионалнста со што се соочува новинарството во Македонија.

Сите што се заинтересирани за учество во семинарот можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на civil.macedonia@gmail.com, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.

За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на civil.macedonia@gmail.com или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.

За да останете во допир со содржините поврзани со проектот „Граѓански објектив“, лајкнете ја Фејсбук страницата и посетете ја веб страницатa Граѓански објектив.

Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.

 

This post is also available in: Albanian English