Разобличена лажна вест на професорката Котеска

„Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котеска – повикувам да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации“, демантира министерката за образование и наука Мила Царовска преку својот Твитер профил, откако претходно професорката Јасна Котеска наведува наводен „таен државен удар“ односно укинување на групата на македонски јазик на Филолошки факултет.

Веднаш по демантот на министерката Царовска за лажната вест која ја пласираше професорката Јасна Котеска и која се прошири низ социјалните мрежи и низ неколку интернет портали, професорката Котеска се јави со нов твит со дообјаснување дека „не пишала дека ќе се укинива македонскиот јазик, туку се планирало“.

 

Меѓутоа и покрај демантот на министерката Царовска и „дообјаснувањето“ на професорката Котеска дека „се планирало укинивање на македонски јазик“, сепак на социјалните мрежи оркестрирано се шири дезинформацијата. Но, освен навредливите коментарите дека „министерката лаже“, твитер профилот Македон упатува закана до министерката пишувајќи: „со кој образ ќе шеташ низ населба“.

 

Лажните вести и дезинформации имаат за цел да ја манипулираат јавноста, да создаваат несигурност во системот и институциите. Меѓутоа ефектот на лагата ќе (биде) многу слаб доколку брзо се реагира, демантира и разобличува како во овој случај со дезинформацијата дека наводно „се планира(ло) укинување на македонскиот јазик на Филолошки факултет“!

Д.М.