ЦИВИЛ денеска одржа работилница за граѓанско новинарство во Универзитет „Американ колеџ - Скопје“ на која студентите имаа можност одблиску да се запознаат со организацијата и активностите поврзани со проектот „Граѓански објектив“.
Преку дијалог и размена на ставови и мислења што всушност претставува граѓанското новинарство, како самите студенти можат да придонесат во објективното и навремено информирање и за најдобриот начин за искористувањето на технолошките алатки на модерното време, ЦИВИЛ ги пренесе основните насоки за активно граѓанско учество.
На граѓанските новинарки и новинари им стои на располагање веб страницата clp.mk наменета за нивните стории како и Фејсбук станицата Citizen Journalists Macedonia.
Работилницата е дел од проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.