Серијата онлајн настани, интервјуа и состаноци на ЦИВИЛ со заеднички наслов „Национализам“, започна со професорките Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Модератока на оваа панел дискусија е Дијана Тахири.
Професорката Мирјана Најчевска, меѓу другото, рече дека, кога зборуваме за национализмот секогаш мислиме на негативно нешто. Меѓутоа, припаѓањето и чувството на некоја нација е нешто добро. Но, кога сите аспекти ќе се покријат со иста боја е лошо.
„Наместо да се развива чуството на индивидуалност по осамостојувањето, ние го задржавме на еден специфицен начин пристапот на колективитети. Наместо да го развиеме граѓанството, сè уште се задржавме во политичко и правно милије на колективитетите“ – констатира Најчевска.
Таа се осврна и на Охридскиот договор, во чија преамбула се неаведува дека ќе се развива граѓанско учесво, но после 2-3 члена на самиот договор, повторно се зборува за колективитетите. Се зборува за бројки и проценти за да може одреден колективитет да си ги оствари своите права. Индивидуата не може да биде препознаена ако не припаѓа на колективитетот. Најчевска вели дека негативен национализам е оној што се базира на етничка припадност. Според неа, партиите не се веќе места каде се здружуваат индивидуите, туку претставуваат здружување на етничките колективитети, вели Најчевска.
„Ти како индивидуа се приклонуваш кон одреден колективитет не заради гледиштата, туку заради етничката припадност“ – вели Најчевска. Освен политичките партии, овој модел го следат и невладините.
Професорката Виолета Петровска Бешка вели дека правно политичко гледиште е различно од плихолошкото гледиште за национализмот.
„Национализмот ќе го поврзам со идентитетот, личноста има потреба да гради позитивна слика за себе. Идентитетот освен личен има и социјална комонента. Пример има родов идентитет, професионален, етнички, религиски идентитет итн…“
Емотивниот елемент е многу битен на индивидуата, ако нејзината етничка група е загрозена…, односно колку ми е битно дали некој ќе ме смета за голема Македонка или мала Македонка…
Има два вида идентитети, еден е етнички а другиот национален. Националениот идентитет е поширок контекст. Ние гледаме дека не се прави разлика меѓу национален и етнички идентитет. Кога зборуваме за национален идентитет ние всушност зборуваме за етничкиот идентитет.
Нашите култури се коликтивистички, кога би биле индивидуални би се ценеле индивидуалните постигнувања. Не се цени успехот што индивидата го постигнува, туку се препишува на колективитетот.
Поделбата помеѓу етнички и граѓански национаизам. Граѓанскиот национализам се гради со споделено државјанството во кое живее. Граѓанинот гради однос со државата.
Во 2018 година е последното истражување кај учениците Албанци и Македонци, од 10 и 14 години.
Учениците до 10 години ја доживуваат Македонија по тоа што главно ја опишуваат по природните убавини, Македонија е нивна држава и треба да ја сакаат.
Учениците Албанци кажуваат дека Македонија е мултиетничка држава. Децата Албанци не може да научат дека Македонија е нивна држава и покажуваат негативност.
И едните и другите ученици, кажуваат за нивната заедница дека се добри, ја нагласуваат религијата, традицијата, јазикот, истовремено се покажуваат како жртви и борци за слобода. Учениците Македонци ги доживуваат Македонците за добри, Албанците дека се држат за збор, што не е случај кај Македонците.
„Македонците се народ што живеат во историјата и повеќе мислат на минатото отколку на иднината“, кажа еден ученик, додава Петровска Бешка.
Таа додава дека Мајка Тереза за Македонците е многу битно дека е од Македонија и христијанка, додека за учениците Албанци е битно дека таа е Албанка и дека е добитник на Нобелова награда.
Дехран Муратов