На крајот, со сила, дури и се смееме

Мете Јанакиевски е артист - пантомимичар од продукцијата Театроск од Скопје.

Пантомимискиот настап на Мете за време на ЦИВИЛ ФЕСТ пред се' е акт на граѓански активизам, грижа за подобро утре, а најмногу од се' зрелост за подобро општеството и, се разбира насоки за подобро утре за сите нас.

Неговата грижа која тој ја изразува преку неговата пантомима, односно преку говорот на неговото тело, за сите нас е силен вресок во неговиот професионален молк преку кој, тој, Мете, најавтентично ни ги раскажува сите, и негови, но и наши чувства кои всушност длабоко не' притискаат секојдневно до последната капка болка во нашата душата, а на крајот сепак се смееме.

ЦИВИЛ Фест беше дводневен фестивал, во организација на ЦИВИЛ -Центар за слобода,  кој понуди  визуелно искуство и доживување на граѓанскиот активизам и можностите што ги пружа граѓанското новинарство за да се биде дел од општествените промени.

Војо Љ. Цветановски

Камера: Атанас Петровски

Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска