Проектот „Граѓански објектив“ што го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, поради успешната реализација и објавените содржини од граѓанските новинари во изминатите шест месеци, а кои сведочеа за прекршување на човековите права и слободи, особено во изборен контекст, е продолжен и во наредните три месеци!
ЦИВИЛ упатува нов повик до граѓанските новинарки и новинари активно да се вклучат, во новиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“. На тој начин, преку свои фотографии, видео и аудио материјали, како и текстови, се вклучуваат во процесот на креирање на слободно и објективно известување на сите социо-општествени и политички процеси кои влијаат на развојот на демократијата, еднаквоста и слободата во Македонија.
Медиумскиот мрак од ден на ден,сé повеќе се згуснува, што е повод за аларм до сите продемократски сили во Македонија дека борбата не само на се помалубројните слободните медиуми, туку и на граѓанките и граѓаните, треба да стане пожестока.
Сите содржини кои сведочат за прекршувањата на човековите права и слободи, кои граѓанските новинарки и новинари ги доставуваат до јавноста, се последната одбрана на слободата и крик против корумпираноста и манипулациите во медиумскиот простор.
Сите истражувачки стории, видео прилози, фотографии на граѓанските новинарки и новинари, објавени на нашиот веб-портал и особено, наградените во рамки на натпреварувачките циклуси „Биди граѓански новинар“, се вистината со која треба да се соочи агресивната пропаганда на владејачкиот режим.
Секој може да биде граѓански новинар! Во пресрет на следниот циклус на доделување на наградите, ЦИВИЛ Медиа ве охрабрува да бидете активни креатори на демократизацијата и ослободувањето од стегите на власта врз јавното мислење и слободниот збор.
Потврда за тоа се досегашните наградени содржини што по јунскиот циклус ја достигнаа бројката од 30 фото и видео содржини, кои пристигна од повеќе градови низ Македонија.
За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на [email protected], а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.
Наградите за граѓанските новинар(к)и се доделуваат во рамки на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, финансиран од National Endowment for Democracy.
ЦМ