Националистичка контаминација на детска манифестација

„На денот на априлијадата, на денот на смеата, децата учесници на детскиот фестивал „Виножито“ (“Ylberi"), што заедно со децата учесници на фестивалот „Златно славејче“ беа дел од манифестацијата на плоштадот во Скопје, возрасни личности се обидоа да ги прекинат со закани бидејќи пееја на албански јазик. Службата за обезбедување реагираше бргу и ние продолжвме со настапот. Еве како актуелната политичка атмосфера за жал делува и кај најмалите“, напиша на својот фејсбук профил, Адем Имери, директор на детскиот фестивал „Виножито“. 

На оваа фејсбук објава се надоврза и Томислав Таневски, долгогодишен раководител на „Златно славејче“, кој во свое име и во име на своите колеги им се извини на децата учесници и нивните родители за инцидентот кој се случи на манифестацијата организирана од ДКЦ Карпош и Град Скопје.

Политичката криза зема сé поголем замав, и за жал сé почесто децата се директно вклучени во непријатни инциденти. Дури и сцената на која се одигра оваа манифестација беше украсена со жолти и црвени ленти кои во изминатиот период се симбол на иницијативата „За заедничка Македонија“.

 

This post is also available in: AlbanianEnglish