Предизборие: Притисок, мобинг, уцена, ултиматум...

Граѓанскиот новинар Жарко Стеваноски ни испрати информација за мобинг на работно место што од јануари годинава се спроведува над вработено лице во фирма од еден град од централна Македонија, од надредено, раководно лице, правник во фирмата.
Според граѓанскиот новинар, правникот на фирмата, на сопруга на лице кое е ангажирано во регионален штаб на опозициона партија и поставил ултиматум: ако сака да го задржи работното место да влијае на својот сопруг да се дистанцира од партиските активности на опозицијата во следниот период?! Притисоците поради партиска афилијација биле толкави што вработената, бараше да остане анонимна, во страв дека ќе ја загуби работа и ќе и биде загрозена егзистенцијата.
Иако активностите на нејзиниот сопруг во општинскиот комитет на опозиционата партија, не се на раководно ниво, туку се сведуваат на организационо-техничка работа, сепак, уцената и поставениот ултиматум, се спроведуваат со месеци и се засилуваат со приближувањето на вонредните парламентарни избори.

13705161_1330191366991330_1189384556_n
И како се ова да е малку, на вработената и е даден список со 15 имиња на граѓани, со нивни адреси и фиксни и мобилни телефони, како и броеви на гласачките места на кои досега гласале, за кои таа, за да го сочува работното место, морала да потпише гаранција дека ќе успее да ги убеди и дека сигурно ќе ги обезбеди како гласачи кои задолжително ќе гласаат за владејачката партија.


civiv-lenses-logo-en-copy-500x414

Оваа содржина се објавува во рамките на јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објективна ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.