Повеќејазичен Чаир

Транспарент на сите јазици кои се говорат во Македонија, вчера беше поставен во Чаир на мостот кај „Јахја Паша“. На транспарентот беше напишано: во Cair „welcome“, „mirë se vini“, „dobrodojdovte“, „hosgeldinis“, „mishto avilen“, „dobrodosli“.

Активистите пренесоа порака дека сите заедно треба да живееме без омраза, да има лубов, мир, слобода… Оваа герила акција траеше само еден ден, транспарентот повеќе не е на мостот, пишува граѓанскиот новинар, Јетмир Асани.

„Пораката е многу силна. Срцето ми се исполни кога го видов транспарентот“, додава тој.

This post is also available in: English