Пена парти низ улиците на Скопје

Да не заврне дожд во Скопје, а нешто „актуелно“ да не се случи. Поплавите секогаш се неизвесност за скопјани, ама овој летен дожд ги повика граѓаните на Пена парти по главните улици низ  градот, коментира граѓанскиот новинар Дамјан Темков кој како илустрација испрати фотографии.

„Најверојатно поради лошата канализација, улиците се реки што се брануваат и пенават од нешто што изгледа како сапуница, детергент, некое средство за чистење… “, се прашува Темков. 

Тој вели дека ова улиците секогаш се поплавени кога има големи дождови, но ретко ќе се види ваква пена да тече низ нив.

Б. Ј.