Поезија и ѓубре за Аеродром

„Само ти на светот имаш таква моќ за тебе твојот Аеродром е буден ден и ноќ и цела моја љубов ја давам за тебе можеш да ми земеш се само тебе не!“ е графитот кој го краси кејот во општина Аеродром.

Покрај графитот кејот го красат и купишта диви депонии.

Фотографиите кои ни ги испрати граѓанската новинарка Весна Левковска доволно зборуваат за ситуацијата на кејот на Вардар.

Деновиве често  сум на прошетка со моите бездомни кутриња (се вдомуваат) на кејот од страната на Керамидница одма спроти ПИОМ.

„Глетката од тука накај Аеродром е пријатна имаат и графит испишан на кејот. Но кога би погледнале од ПИОМ накај Керамидница глетката е грозна! Депонија, да, вистинска депонија. Се чудам како државна институција го гледа ова ѓубриште секојдневно?“, пишува Левковска.