Постизборни анализи и оценки, панел дискусија и прес конференција на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија и прес конференција на тема „Постизборни анализи и оценки“ во хотел Парк Резиденс (зад градскиот стадион), денеска, 16 јули, со почеток во 14 часот.

Учесници на панел дискусијата се Јасна Бачовска, Сашо Орданоски и Висар Адеми, а ќе ја води Биљана Јордановска. По кратка кафе пауза, во 15 часот ќе се одржи и прес конференција со оценки на изборниот процес со истакнување на главните наоди на организацијата од изборниот мониторинг. Настанот ќе се пренесува во живо, на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.