Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска истакна дека пратениците кои бараат една изборна единица бараат место во процесот на измени на Изборниот законик.
„Дванаесетте пратеници од Иницијативата за една изборна единица бараат да бидат вклучени во процесот на измени на Изборниот законик“, нагласи таа како претставничка на иницијативата.
„Како пратеници бараме да бидеме вклучени во процесот на измени на Изборниот законик. Побаравме средби со претседателот на СОбранието Талат Џафери и со најголемите политички партии. Сметаме дека како 10 проценти од Парлементот, имаме право да учествуваме во овој процес.“, рече Поповска на Конференцијата за изборни реформи организирана од ЦИВИЛ.
This post is also available in: English