Флака Положани, посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност при МИОА на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“ во организација на ЦИВИЛ истакна дека граѓаните во вакви ситуации како што е пандемијата со КОВИД-19 се посензитивни на дезинформации.
„Во минатиот период се соочувавме со инфодемија за лажни вести со 5Г мрежата, на чуден начин беа поврзани и со висусот и не обезбедуваа простор луѓето да бидат заштитени од тие лажни вести и правилно да се информираат. МИОА во претходниот период има реализирано неколку активности со кои сме сакале да ја подигнеме свеста кај граѓаните, тие се тие кои најчесто ги споделуваат, медиумите ги креираат најчесто“ истакна Положани.
Таа додаде дека таа кампања била за да се помогне граѓаните да направат разлика на тоа што го споделуваат.
„Првите чекори беа превземани, но во наредниот дел како програма на Владата е предвидено креирање на стратегија против лажните вести, не знам колку е доволен механизам и не знам какви резултати ќе даде во пракса. Но, мислам дека е добар првичен чекор кој може да креира рамка за тоа како да се однесуваме во наредниот период и како што спомнав гледајќи го сето ова од аспект на човековите права. Се надевам дека ќе можеме да придонесеме во оваа област, ширењетоа на вестите особено на платформите е многу брзо но мислам дека има простор и заедно со невладиниот сектор да ја конкретизираме таа агенда во рамките на една стратегија. Тоа треба да биде инклузивен процес каде ќе бидат сите чинители од областа“, додаде Положани.