Најчевска: Зелената иднина е право на секој граѓанин, но и одговорност

„Главен промотор на зелената иднина е државата. Но без правна држава не може да имаме зелена иднина, изјави меѓу другото Мирјана Најчевска на конференцијата на ЦИВИЛ „Зелено општество за сите“.

„Диктатурата е ефтина бидејќи не треба многу да вложува. Демократијата е скапа. Социјалната заштита е скапа, заштита на најранливите групи е скапо. Државата треба да ја води некој како шаховски мајстор, кој гледа 10 чекори напред, какви потези да направи… Само држава која се базира на науката и податоците може да планира зелена иднина.

Ни треба држава која ќе антиципира, предвидува и прави потези за доброто на граѓаните“, истакна Најчевска.