Пендаровски, Река и Силјановска сигурни учесници во претседателска трка

Државаната изборна комисија потврди дека само тројца кандидати официјално ќе учествуваат во претседателската трка на 21 април.

Гордана Сијановска-Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река се единствените кандидати кои ги собрале потребните потписи за поддршка за кадндати за претседатели. Според инофрмациите од денешната седница на ДИК, Силјановска со 15926 потписи, Блерим Река со 11128 пописи и Стево Пендаровски со 31729 потписи за поддршка од граѓаните.

За разлика од Река, Пендаровски и Силјановска ја имаат и поддршката од најмалку 30 пратеници.

Од трката излегоа Димче Петровски, Филип Петровски, Јосиф Петровски и Господин Поповски. Амди Бајрам се откажа, откако СДСМ го објавија Пендаровски за кандидат за претседател. Од понатамошно учество се откажа и единствениот пријавен кандидат за претседател на повикот на СДСМ, Ѓорѓи Филипов.

Изборната кампања започнува на 1 април.

Б. Ј.