ОДИХР: Локалните избори беа конкурентни со почитување на основните слободи, останува загриженоста околу правните недостатоци

И покрај активната и генерално мирна изборна кампања, дебатите базирани на прашања беа засенети од зголемено негативната реторика, која особено беше насочена кон кандидатките. Родовата еднаквост и правата на жените во голема мера отсуствуваа од партиските кампањи, во кои жените исто така останаа недоволно застапени.