„Секои новитети во практикувањето на задачите е добродојдено, оваа година се обидовме да воспоставиме дирекен мониторинг, и идејата беше доста добра и согласно ситуацијата со ковид-19 имавме вработени кои беа позитивни, ни се ограничи мобилноста, не бевме во можност да бидеме на терен колку што посакувавме, но како за прв пат резутатите се добри, влеваат надеж дека со подобра организација може да имаме подобри резултати“, истакна Катица Николовска, член на ДКСК, на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.
„Ние планиравме 20 лица да ангажирараме, но немавме кандидати и од селекција имавме 17 кои беа распоредени во 6 изборни единици, да ги гледат рекламиењата на политичките партии, митинзите, состаноците кои се одржуваа, рекламните програми кои ги споделуваа, да ни дадат износ на потрошените пари, но најмногу поради позадината на тие средства.
Имајќи предвид дека поради ковид-19 нè ограничи и со средства, ние не располагаме со голем број вработени лица кои ја знаат работата на политичките партии за нивното финансирање, постапивме согласно нашите надлежности, се доближивме до трансакциските сметки каде ги прибираат приходите, имавме информации од каде се прибирани и во кои износи.
Последните измени сепак направија недоразбирања, во финансирањето се дозволи покрај средствата од донации, можат да ги користат и средствата од редовните финансии на политичките партии. На овој начин едно лице може да уплати одредена сума, но тешко е дали тоа лице е способно да ги оспособи тие средства.
И понатаму остана и зголеми на учесниците во изборната кампања за неколку кратно известување на прибињање на финансиските приходи, без да бидат обезбедни темплејти кои ќе им ја олеснат работата, настана мешаница од обврски и начини на известувања.
Начинот на кој беа спроведени и кои произлегоа од измените ќе бидат како патоказ за тоа што треба да се направи со новите измени во законик, министерството за правда не нè вклучи во работната група, не знам која е причината зошто не сме вклучени, но се надевам ќе се најде начин да се вклучиме“, нагласи Николовска.
This post is also available in: Albanian